• четврток, 19 декември 2024

Абдулразак Гурнах добитник на Нобеловата награда за литература

Абдулразак Гурнах добитник на Нобеловата награда за литература
Стокхолм, 7 октомври 2021 (МИА) - Танзанскиот писател Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската академија во Стокхолм. Абдулразак Гурнах е роден во Занзибар во 1948 година, пишува на англиски јазик и живее во Велика Британија. Гурнах беше награден за „бескомпромисен и сочувствителен приказ на ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците“, нагалси Академијата. Неговиот најпознат роман е „Парадајс“ (Paradise), кој во 1994 година се натпреваруваше за наградите Букер и Витбред. Гирнах е четврти африкански писател добитник на Нобеловата награда за литература. ми/

Остани поврзан