• четврток, 26 декември 2024

Абдула Втори: Помошта за Газа мора да се удвои за да се избегне катастрофа

Абдула Втори: Помошта за Газа мора да се удвои за да се избегне катастрофа

Аман, 27 февруари 2024 (МИА) - Помошта за Појасот Газа мора да се удвои за да се избегне влошување на и онака „катастрофалната хуманитарна ситуација“, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори.

„Меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз Израел за да ги олабави ограничувањата за снабдувањето со храна за Газа“, и рече јорданскиот монарх на шефицата на  Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) Саманта Пауер, која е во посета на Јордан.

Јордан ги повикува своите западни сојузници да влијаат на Израел за зголемување на помошта што доаѓа од Јордан преку преминот Керем Шалом.

Кралот ја истакна потребата од отворање копнени премини и повеќе воздушни транспортери за помош на жителите на Газа.

Подоцна, тој се качи на јордански воен авион кој учествуваше во операцијата спроведена заедно со воздухопловните сили на неколку други земји за испуштање храна над Газа.

Во операцијата учествуваа авиони од Египет, Катар, Франција и Обединетите Арапски Емирати. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан