• четврток, 26 декември 2024

АБА 2 стартува на 17 октомври со „балон“ во Златибор

АБА 2 стартува на 17 октомври со „балон“ во Златибор

Белград, 3 октомври 2022 (МИА) – Новата сезона во второлигашката конкуренција во регионалната кошаркарска АБА лига ќе стартува на 17 октомври, а домаќин на првиот од петте турнирски натпреварувања, како и во изминатите две години, ќе биде Златибор. 

Жрепката на натпреварувачките броеви одлучи на првиот од петте „балони“ да се сретнат двата македонски претставници во АБА 2 лигата – Пелистер и ТФТ. 

Средбата е закажана за воведното коло, на 17 октомври, со почеток во 21 часот. 

За разлика од последните сезони на првиот собир на Златибор (од пет планирани во текот на регуларниот дел) ќе бидат одиграни само две рунди од планираните 13. 

Во второто, дебитантот во оваа конкуренција, екипата на ТФТ, на 19 октомври (од 18 часот), ќе ги одмери силите со црногорска Сутјеска, а три часа подоцна (21 часот) битолски Пелистер ќе игра против словенечкиот Шентјур, кој исто така е нов учесник во оваа конкуренција. ег/вг/

Остани поврзан