• вторник, 24 декември 2024

АБА 2 лигата суспендираше тројца судии поради голем пропуст

АБА 2 лигата суспендираше тројца судии поради голем пропуст


Белград, 17 октомври 2024 (МИА) – Раководството на регионалната кошаркарска АБА 2 лига денеска суспендираше тројца судии поради голем пропуст на натпреварот меѓу Златибор и Борац од Бања Лука, кога превидоа играч повеќе на паркетот.
Борац во вторникот го совлада Златибор со 93:90 по продолжение, во натпревар од второто коло од АБА 2.
Судиите на натпреварот Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ не забележаа дека Златибор накратко играше со шест играчи во првата четвртина. Тоа не го забележаа ниту официјалните лига на записничката маса.
„Со оглед на тоа што нивното судење на натпреварот Златибор – Борац беше оценето како потпросечно, врз основа на прописите на лигата, тројца судии се суспендирани на следните два натпревари“, соопшти АБА 2 лигата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан