• среда, 25 декември 2024

Абас утре во Каиро на средба со египетскиот претседател

Абас утре во Каиро на средба со египетскиот претседател

Каиро, 7 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас утре ќе го посети Каиро за да разговара со неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси, јавија египетски медиуми.

Според информациите на палестинската партија Фатах, Абас ќе биде придружуван од министерот за цивилни работи и секретарот на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал Шеик, и шефот на палестинското разузнавање Маџит Фараџ.

Египет ги засили своите повици до меѓународната заедница да најде решение за палестинското прашање. Каиро во повеќе наврати изјави дека стабилноста во регионот зависи од постигнувањето сеопфатен договор заснован на решение за две држави.

Високи делегации на „Хамас“ и на „Исламски џихад“ претходно беа на разговори во главниот град на Египет. Египет ќе биде и последната станица на актуелната турнеја на Блискиот исток на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. зш/

Остани поврзан