• среда, 25 декември 2024

Абазовиќ: Целта на земјите од Западен Балкан е заедничка европска иднина

Абазовиќ: Целта на земјите од Западен Балкан е заедничка европска иднина

Подгорица, 5 јуни 2023 (МИА) – Главна цел на земјите од Западен Балкан е членство во Европската Унија, изјави денеска Дритан Абазовиќ, премиер на црногорската влада во технички мандат и координатор на Министерството за надворешни работи.

Абазовиќ ова го изјави во Будва, каде е домаќин на шефови на дипломатии и високи претставници на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На состанокот, кој претставува еден од завршните настани во рамките на црногорското претседавање со ПСЈИЕ, присуствуваа, меѓу другите, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, шефовите на дипломатиите на Албанија и Северна Македонија, Олта Џачка и Бујар Османи, генералните секретари на Советот за регионална соработка и Централноевропската иницијатива Мајлинда Брегу и Роберто Антонионе. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан