• вторник, 19 ноември 2024

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок

Подгорица, 24 март 2023 (МИА) - Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора.

Абазовиќ во интервју за Глас Америка оценува дека Указот на претседателот Мило Ѓукановиќ за распуштање на Собранието и закажување избори за 11 јуни не е во согласност со таа процедура, бидејќи тој мора да го донесе указот врз основа на некои претходни одлуки.

- Тие одлуки треба да следат по одлуките на парламентот, односно на парламентарното мнозинство. Во спротивно, тој указ можеше да го донесе во август минатата година, или кој било ден минатата или оваа година, а не три дена пред првиот круг на претседателски избори, кога се проверува и неговата работа имајќи предвид дека тој е еден од кандидатите, рече Абазовиќ, кој е во посета на САД. ссм/

Остани поврзан