• недела, 24 ноември 2024

Абазовиќ на Преспа форумот: На Црна Гора и земјите од регионот им е потребна поддршка за подобрување на инфраструктурата

Абазовиќ на Преспа форумот: На Црна Гора и земјите од регионот им е потребна поддршка за подобрување на инфраструктурата

Струга, 16 јуни 2023 (МИА) – На сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ оцени дека унапредувањето на сообраќајната инфраструктура и подобрувањето на меѓусебната поврзаност на земјите од регионот на Западен Балкан е еден од клучните услови за побрз економски развој и приближување кон европските стандарди.

-Не можеме да видиме економски резултати ако првично не воспоставиме мир, стабилност и доверба меѓу земјите на Западен Балкан, потребно е помирување и поголема мобилност на луѓето, дури потоа да добиеме посилни институции и владеење на правото. Ни треба и поголема флексибилност на границите, ние сме земја која 25 отсто од својот БДП го остварува од туризмот и секако дека не е добро на граница да се чека по три часа. Иницијативата за зелените линии на границите се добра работа, луѓето и стоките да не чекаат, затоа што инаку не сме конкурентни со другите пазари. Имаме многу дискусии за Берлинскиот процес и за Отворен Балкан, има 70 регионални иницијативи и тие се алатка да стасате до целта и сакаме да ја искористме и поддржиме секоја од нив што може да им го олесни животот на луѓето, истакна Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора нагласи дека ЕУ треба да сфати дека ако сака да има поголемо влијание треба повеќе да инвестира во регионот, за да се реализираат конкртетни проекти и да се изгради инфраструктурата со што ќе се подобри и економијата.

-Ако на северот на Црна Гора, на три километри од Косово луѓето немаат пристап, тоа е катастрофа. Исто е и кај мојот роден град каде што сакаме да изградиме мост со Албанија, сакем автопат до Србија за да отворме притсп и народото да може да дојде секаде на брз начин. Мислам дека треба да дејствуваме за ова, а не да зборуваме за она што се случувало пред 10, 20 или 30 години. Не велам дека треба да ја заборавиме историјата и што се случило во минатотот, но треба да го смениме пристапот и да бидеме конструктивни, да не калкулираме со тоа дали ќе имаме поддршка од јавноста на следните избори. Кај кризите што ги искусивме во изминатиот период, мислам дека сите земји добро се справија. Инфлацијата во првиот квартал во Црна Гора е втората најниска во Европа после Белгија, нашето БДП е второ според процентни поени после Исланд. Ги повикувам сите страни да ја заборават политиата од 90-те и да се свртиме кон иднината и да работием на заедничка промоција, заеднички да го промовираме туристичкиот пазар како Западен Балкан, додаде Абазовиќ.

Во врска со прашањето дали Берлинскиот процес е соодветна рамка регионот да се справи со предизвиците, Абазовиќ оцени дека тој се одвива многу полека, иако се направени извесни подобрувања. Додаде дека за унапредувањето на инфраструктурата, сите земји во регионот се зависни од администрацијата и потребно е побрзо спроведување на проектите, при што и фондот за Западен Балкан, во кој има шест земји, не е искористен доволно. та/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан