• сабота, 23 ноември 2024

Абазовиќ: Ако Ѓукановиќ го прекрши Уставот, ќе биде сменет

Абазовиќ: Ако Ѓукановиќ го прекрши Уставот, ќе биде сменет
Подгорица, 2 јануари 2021 (МИА) - Потпретседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ го предупреди денеска шефот на државата Мило Ѓукановиќ дека, доколку го прекрши Уставот, ќе биде сменет. Абазовиќ, по повод враќањето на пакетот закони на повторно изјаснување во Парламентот, меѓу кои е и изменетиот Закон за слобода на вероисповед, истакна дека Ѓукановиќ „си дал себеси жолт картон“. - Со враќањето на законите на повторно гласање, Ѓукановиќ си даде себеси жолт картон. Ако го прекрши Уставот, ќе го смениме, напиша на Твитер црногорскиот потпретседател на Влада. Ѓукановиќ претходно денеска објави дека пакет закони, кои биле усвоени на последната минатогодишна седница на Парламентот, ги вратил на повторно изјаснување. За лидерите на владејачките партии ваквиот потег на Ѓукановиќ бил очекуван, имајќи предвид дека тој бил иницијатор на дискриминаторскиот закон за слобода на вероисповед, што доведе до соборување од власт на неговата ДПС. гт/

Остани поврзан