• четврток, 26 декември 2024

  Коалицијата „Вреди“ најавува кандидати за пратеници и во ИЕ 3 и 4

  Коалицијата „Вреди“ најавува кандидати за пратеници и во ИЕ 3 и 4

Тетово, 2 април 2024 (МИА) – Коалицијата „Вреди“ ќе има свои носители и кандидати за пратеници и во изборните единици 3 и 4, најавуваат од „Беса“, која е дел од оваа коалиција. Рокот до кога политичките партии и коалициите треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК) за изборите истекнува денеска на полноќ.

Откако вчера Арбен Таравари од Алијанса за Албанците (АА) во Тетово најави вакво нешто, денес и од Движењето „Беса“ со потврда дека како коалиција ќе имааткандидати за пратеници и во изборните единици 3 и 4.

И од двете партии немаат соопштено имиња, ниту за носителите, ниту за кандидатите за пратеници.

- Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизирање од Централното собрание за да можеме да ги изберем личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион, изјави вчера Таравари.

Како носители на листи коалицијата „Вреди“ ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“. Коалицијата ја направија Движење Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и Демократско Движење на Африм Гаши. ас/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан