• вторник, 24 декември 2024

  ЕУ одвои пет милијади евра за студентска размена и соработка во образованието и спортот преку Еразмус+

   ЕУ одвои пет милијади евра за студентска размена и соработка во образованието и спортот преку Еразмус+

Брисел, 19 ноември 2024 (МИА) – Европската Унија донесе одлука да одвои околу 5 милијарди евра во рамки на нејзината програма Еразмус+ наменети за поддршка на студентска размена во странство и за партнерства за соработка во образованието, обуката, младите и спортот во 2025 година и објави конкурс за проекти за учество во распредлбата на овие средства.

Право на учество на конкурсот со свои проекти имаат и јавни и приватни институции од сферата на образованието, обуката, младите и спортот од Северна Македонија, која е опфатена со програмата Еразмус+ заедно со сите 27 членки на ЕУ, трите држави од ЕФТА – Исланд, Лихтенштан и Норвешка, како и Србија и Турција.

Одвеоената сума за следната година е за 6,5 отсто повисока од обаа што беше наменета за проекти од конкурсот за оваа година.

Според потпретседателот на Европската комисија за промоција европскиот начин на живот Маргаритис Схинас, преку Еразмус+, ЕУ не ги поддржува само образованието и мобилноста, туку ги промовира и вредности што ја обединуваат Европа, како што се солидарноста, инклузивноста, демократијата и почитувањето на човековите права.

- Додека сме свртени кон иднината, Еразмус+ ќе продолжи да ги поддржува овие фундаментални вредности, помагајќи да се изгради Европа која е покохезивна, отворена и обединета во различностите, додаде Схинас.

Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова истална дека Еразмус+ е една од најуспешните приказни на ЕУ, која ги трансформира животите и ги поврзува луѓето преку образованието, обуката и спортот речиси четири децении.

- Со петте милијарди евра наменети за програмата во 2025 година, ги прошируваме можностите за учење во странство и поттикнуваме поголема вклученост и соработка низ Европа. Додека продолжуваме да поддржуваме милиони учесници, вклучително и оние со помалку можности, Еразмус+ останува во центарот на градењето на посилна, пообединета и напредна Европа, заклучи Иванова.

Од создавањето на програмата Еразмус+ во 1987 година, ЕУ досега финансиски поддржа преку 16 милиони учесници на нејзините конкурси. Сега Еразмус+ дополнително е посветана на поддршка на поединци со помалку можности, поради што фокус е ставен на иницијативата „Европа во движење“, која поставува амбициозни цели за зголемување на мобилноста и учеството пред се на недоволно застапените групи.

Дополнително, Еразмус+ продолжува да поддржува различни модели на соработка, како планот за „европска диплома“, односно признавање на стекнатите квалификации надвор од границите на матичната земја и за унапредувањето на соработката помеѓу високообразовните институции и студентската размена како дел од напорите за изградба на поинтегриран европски образовен систем.

 

Остани поврзан