• среда, 13 ноември 2024

 Џонсон вети милијарди фунти за спас на економијата

 Џонсон вети милијарди фунти за спас на економијата
Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе потроши милијарди фунти за да ја спаси економијата и предупреди дека земјата наскоро ќе се соочи со „грмежи од економски последици“ на коронавирусот. - Ако Ковид-19 е гром, ни доаѓаат грмотевици од економски последици. Ние ќе бидеме подготвени, напиша Џоонсон на Твитер. Тој додаде дека сака Велика Британија да изгради пат кон здравјето, јави Би-Би-Си. Претходно, во интервју за „Мејл он сандеј“, Џонсон го повтори своето предизборно ветување дека ќе се градат нови училишта, болници и домови, дека ќе се завршат инфраструктурните проекти и ќе се создадат работни места за оние чии места повеќе не постојат. паг/

Остани поврзан