• четврток, 09 април 2026

 Хезболах ги прекинува нападите како дел од примирјето меѓу САД и Иран

 Хезболах ги прекинува нападите како дел од примирјето меѓу САД и Иран

Бејрут, 8 април 2026 (МИА) - Либанското движење Хезболах рано утринава ги прекина нападите врз северен Израел и израелските трупи во Либан како дел од примирјето меѓу САД и Иран - изјавија три извори блиски до групата, пренесени од британските медиуми.

Израел продолжи со воените операции во јужен Либан и издаде нова наредба за евакуација на еден град најавувајќи можни идни напади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека двонеделното примирје меѓу САД и Иран не го вклучува Либан.

Се очекува Хезболах набргу да издаде официјално соопштение во врска со својот став за прекинот на огнот и тврдењето на Нетанјаху дека Либан не е вклучен, велат изворите.сд/аб/

Фото:МИА архива

Остани поврзан