• среда, 13 ноември 2024

 Трамп: Вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа

 Трамп: Вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа
Вашингтон, 12 декември 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцинацијата во САД ќе започне за помалку од 24 часа, откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“. Си-Ен-Ен потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95 отсто, дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување од властите, за што „Фајзер“ ќе треба да достави посебно барање до ФДА. Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Советодавниот одбор за превенција и имунизација на САД мора да дадат препорака по што ЦДЦ ја усвојува последната препорака и дава зелено светло за да започне вакцинацијата на населението. паг/      

Остани поврзан