• сабота, 28 декември 2024

 Санкционирани 165 возачи во Скопје, 25 за брзо возење 

 Санкционирани 165 возачи во Скопје, 25 за брзо возење 

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти утрово МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за непрописно престројување на возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан