• среда, 25 декември 2024

 Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија

 Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија
Џакарта, 4 јануари 2020 (МИА) - Бројот на загинати во главниот град на Индонезија се зголеми на 53, а речиси 175.000 евакуирани лица сè уште не се во можност да се вратат во своите домови, соопштија денеска индонезиските власти. - Бројот на загинати се зголеми на 53, а едно лице се води како исчезнато, рече портпаролот на Агенцијата за ублажување катастрофи Аџус Вибово. Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби во Џакарта и предизвикаа лизгање на земјиштето на периферијата на градот. паг/  

Остани поврзан