• среда, 18 декември 2024

 Рама за прв човек на ШИШ ја предлага косовката Влора Хисени

 Рама за прв човек на ШИШ ја предлага косовката Влора Хисени

Тирана, 17 март 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама на денешната средба, на шефот на државата, Бајрам Бегај,му достави предлог, со кој за прв човек на албанската тајна служба, ШИШ ја предлага косовката Влора Хисени,актуелен советник во неговата влада.

- Денеска му го презентирав на претседателот на Републиката предлогот за именување на Влора Хисени за директор на Државната разузнавачка служба, со целосна увереност дека извонредната подгототвеност, искуството создадено со годините и почитта што Хисени ја ужива во меѓународната разузнавачка заедница, претставуваат целосна гаранција за понатамошна реформа на албанската разузнавачка служба, објави Рама на Фејсбук.

Имајќи ги предвид одличните односи на релација премиер –шеф на држава се очекува набрзо Бегај да стави потпис науредбата за нејзино наименување на ова функција.

-Хисени е експерт и добар познавач на безбедносните прашања  и меѓународните односи. Познава неколку странскијазици. Била на високи функции во косовската Агенција а во одреден период и нејзин прв човек. На 30 август 2021 година косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, ја разрешиле од функцијата заменик - директор, а кусо потоа станала советник во кабинетот на Рама, наведуваат медиумите.

Доаѓа на местото на Херолинд Бендо, кој во средината на декември минатата година беше разрешен по предлог на Рама и со уредба на Бегај. Според образложението Бендо лично побарал да биде отповикан од функцијата поради продолжување на постдипломските студии во Националниот  универзитетот за одбрана во САД. вт/

Остани поврзан