• недела, 24 ноември 2024

 Ерменскиот претседател одби да го смени началникот на Генералштабот

 Ерменскиот претседател одби да го смени началникот на Генералштабот
Ереван, 27 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан одби да го смени началникот на Генералштабот на ерменската армија, Оник Гаспарјан, кој претходниот ден беше разрешен од должноста од премиерот Никола Пашинјан, соопшти Кабинетот на претседателот. Пашинјан го отпушти Гаспарјан во четвртокот по наводен обид за воен удар, но за да бидат разрешени началниците, мора и претседателот да се согласи. Кабинетот на претседателот соопшти дека обидот за смена на Гаспарјан „не е според уставот“. Армијата денеска побара оставка од Пашинјан, но и оставка од целата влада, поради забелешки за водење на земјата за време на конфликтот во Нагорно-Карабах, територија околу која се спореа Ерменија и Азербејџан. Конфликтот заврши на 9 ноември со мировен договор со посредство на Русија и оттогаш Пашинјан се најде на удар на критичарите кои сметаат дека тој го предал Нагорно-Карабах на Азербејџанците. паг/

Остани поврзан