Екологистите од Неготино со поддршка од Мировниот корпус
- Екологистите од Неготино добија поддршка од Мировниот корпус. Од денеска па натаму волонтерка од САД ќе помага во решавање на еколошките прашања во Тиквешкиот регион, информираа попладнево од регионалното еко здружение за заштита на природата „Ековита“ од овој град.

Неготино, 28 февруари 2025 (МИА) - Екологистите од Неготино добија поддршка од Мировниот корпус. Од денеска па натаму волонтерка од САД ќе помага во решавање на еколошките прашања во Тиквешкиот регион, информираа попладнево од регионалното еко здружение за заштита на природата „Ековита“ од овој град.
- Имаме одлична вест за сите млади активисти во Неготино. Денес со претставници од „Peace corps“ ја одржавме првата средба и започнавме со планирање на заеднички активности. Со нетрпение очекуваме успешна соработка и многу нови можности за младите активисти од Неготино. Волонтерката од „Peace corps“ во наредните две години ќе работи на едукација и поддршка на младите во дебатниот и арт клуб, соопштија од Здружението.
Координаторката на проекти во здружението и долгогодишна активистка Кристина Тодорова, дипломиран земјоделски инженер, појасни дека главен фокус на волонтерката ќе биде обука за пишување проектни апликации, поттикнување на корисни младински иницијативи, развој на креативни идеи за позитивни промени во заедницата.
- Ова е голема можност за младите што сакаат да научат, како да ги реализираат своите идеи и да придонесат за подобро општество, преку младински активизам, посочи Тодорова. свд/мд/
Фото: ,,Ековита“