• четврток, 26 декември 2024

 Голем пожар во Њу Џерси, изгоре фабрика за рециклирање

 Голем пожар во Њу Џерси, изгоре фабрика за рециклирање
Њујорк, 30 јануари 2021 (МИА) - Голем пожар во северниот дел на американската држава Њу Џерси во текот на ноќта зафати погон за рециклирање. Пожарот избувнал околу полноќ во фабриката „Атлантик Кост Фиберс“ во градот Пасаику, а 20 противпожарни единици се обидуваат да го изгасат, потврдија локалните власти. Градоначалникот Хектор Лора рече дека се случиле најмалку две експлозии, а во едната е уништен камион во кој имало резервоари за бензин. Тој потврди дека еден пожарникар бил пренесен во болница за време на интервенцијата поради истоштеност, а друг откако паднал. Лора исто така рече дека пожарникарите планираат да користат вода од реката Пасаик за да продолжат со гаснење на пожарот, за што ќе бидат потребни повеќе денови за целосно санирање. Фабриката обработува картон, хартија, пластична амбалажа и други материјали што можат да се рециклираат и е семеен бизнис повеќе од 80 години. паг/

Остани поврзан