• четврток, 26 декември 2024

 Австриската полиција парично ќе казнува на лице место за непочитување на мерките

 Австриската полиција парично ќе казнува на лице место за непочитување на мерките
Виена, 11 април 2020 (МИА) - Австриската полиција од денеска ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат мерките на Владата за борба против коронавирусот. Кој не носи маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра. За сите други прекршоци, предвидена е глоба од 50 евра. Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса. Новата регулатива и дозволува на полицијата да врши контрола во јавниот превоз и во продавниците и да ги казни прекршителите на лице место. паг/

Остани поврзан