• Wednesday, 18 March 2026

Акција за пошумување во атарот на дебарското село Татар Елевци

Акција за пошумување во атарот на дебарското село Татар Елевци

Дебар, 17 март 2026 (МИА) – Во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, кој ЦНВП-Скопје го спроведува заедно со регионални партнери, во соработка со ICEP и со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој (ADA), денеска беше спроведена голема еколошка акција за пошумување во атарот на селото Татар Елевци, кое се наоѓа над градот Дебар.

На површина од 5 хектари беа засадени 10.000 садници од јасен, даб, црн бор и багрем, со што се придонесе за обновување на шумскиот фонд и заштита на природната средина во овој дел на градот, кој беше опожарен во големиот пожар во август 2024 година.

Во акцијата учествуваа повеќе од 100 учесници, меѓу кои претставници на институции, експерти од областа на шумарството, студенти, ученици и локални жители.

Со поздравни обраќања на настанот се обратија директорот на ЦНВП Северна Македонија Нехат Рамадани, градоначалникот на Општина Дебар Фисник Меља, помошник-директорот на ЈП „Национални шуми“ Дејан Манџуковски, како и Марјан Парталоски, директор на Подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“.

-Секоја засадена садница претставува симбол на надеж, одговорност и грижа за идните генерации. Шумите се клучни за зачувување на биолошката разновидност, борбата против климатските промени и обезбедувањето чист воздух и вода, рече меѓу другпото Рамадани.

Градоначалникот  Меља, нагласи дека општината ги поздравува и поддржува ваквите иницијативи што придонесуваат за заштита на животната средина, одржливо управување со шумите и подобрување на природните екосистеми во Дебарскиот регион и пошироко.

На настанот учествуваа и наставници и ученици од средните училишта со шумарска насока „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, „Ѓорѓе Петров“ од  Кавадарци, „Георги Димитров“од 

Скопје и „28 Ноември“ од Дебар, како и професори и студенти од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Акцијата претставуваше и можност за практично учење, при што експертите демонстрираа техники на пошумување и споделија знаење за одржливо управување со шумите, поттикнувајќија еколошката свест кај младите и пошироката заедница.

Проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ е тригодишен регионален проект  а се реализира во сливното подрачје на реката Дрим, кое ги опфаќа Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. вт/ев/

ФОТО: ЦНВП 

You May Also Like