• Wednesday, 18 March 2026
МИА Најави МКД

18 март 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 94-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски ќе оствари средба со европратеничката Миријам Лексман. (Канцеларија 161/ 14:30)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. (горна сала во МЗ/ 10:00)

Скопје - Националната федерација на фармери ќе го одржи Генералното собрание. (х.„Александар Палас“/10:30) 

Охрид - Две панел сесии „Денови на  АДКОМ - Денови на комунални услуги“ во организација на АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија. (х.„Белви“/12:00)

Босилово - Прва трибина од кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро во Општина Босилово. (Дом на култура/18:00, изјави за медиумите пред одржување на трибината)

Скопје -  Примопредавање уметнички дела донирани од уметници за Клиниката за гастро-ентерохепатологија, како и доделување благодарници за нивниот придонес во разубавувањето на просторот и подобрувањето на амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал. (Амфитеатар на Интерни клиники - прв спрат/13:00)

Скопје - Здружението на студенти по дентална медицина Dentosophia ќе одржи информативен настан по повод Светскиот ден на оралното здравје. (Daјмонд мол/18:00-22:00)

Скопје - Поетско-музичка вечер „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша.“ по повод Светскиот ден на поезијата, во организација на Издавачкиот центар ТРИ. (Лабораториум/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Лазар Соколов - живот и дело“, на авторот Илија Василески. (Музеј на македонската борба за самостојност/19:30)

Скопје - Комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов - Кили. (Македонски народен театар/11:00)

Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар. (Национална опера и балет/20:00)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***