• Sunday, 05 January 2025

Јавна расправа за студијата за ревалоризација на заштитеното подрачје Национален парк Маврово

Јавна расправа за студијата за ревалоризација на заштитеното подрачје Национален парк Маврово

Гостивар, 3 декември 2024 (МИА) – Жители, претставници на невладини организации и институции од општина Маврово-Ростуше дадоа предлози и забелешки на консултативна средба на која се разгледувало новото зонирање на националниот парк „Маврово“. Во просториите на информативниот туристички центар во Маврови Анови, жителите кои егзистираат на територијата на НП „Маврово“ имаа можност да ја проследат презентација на студијата за ревалоризација на заштитеното подрачје во која е вклучено и зонирањето на паркот.

- Во присуство на поголем број на жители но и претставници на бизнис секторот, невладини организации како и претставници на Инспекторатот за животна средина, беше презентирана документацијата и новото предлог зонирање, по што се отвори поширока дискусија, стои во соопштението на НП Маврово.

Од оваа институција наведуваат дека средбата е искористена за добивање на конкретни забелешки, предлози и сугестии во однос на идното зонирање на паркот. Директорот на НП „Маврово“ Харис Ибраими потенцирал дека

сите забелешки ќе бидат сериозно разгледани и дека гласот на локалното население ќе се земе во предвид во понатамошните постапки.згм/са/

Фото: НП Маврово