Ѓорѓиевски: Благодарение на Владата, мега проектот за водоснабдување во Стаклара-Каменик станува реалност
- СООПШТЕНИЕ: Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа, веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните се на прво место, истакна претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Скопје, 8 ноември 2024
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа, веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните се на прво место, истакна претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски.
-Кога се работи чесно и посветено за народот, резултатите се гледаат. А за тоа најмногу зборуваат делата. Денес, на средбата со Премиерот Христијан Мицкоски бевме информирани дека се ставаат на располагање нови над 50 милиони евра кои ќе се слеат во општините, а ќе бидат наменети за управување со води.Чест ми е да напоменам дека, после мерката од 250 милиони евра, ова е втората најголема инвестиција во локалните самоуправи благодарение на посветеноста на Владата и меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа.
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, пари за остварување на долгогодишното барање на мојот народ од Каменик-Стаклара, после 50 години да добијат чиста вода за пиење. Ова исто така ќе значи и дека после завршување на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и Стаклара конечно, ќе биде последното населено место без соодветно водоснабдување.
Сакам да се заблагодарам на Премиерот Мицкоски и Владата на Република Македонија за нивните заложби за единиците на локалната самоуправа и за нивниот напор за поразвиени општини.Како никогаш во минатото, оваа Влада покажа и докажа дека граѓаните се на прво место.Посебно ме радува фактот што сега навистина постои еднаквост помеѓу општините и што нема апсолутно никакви поделби. Само така, ова наше парче земја ќе стане уште поубаво место за живеење. Продолжуваме!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Општина Кисела Вода