• Friday, 27 September 2024

Шефицата на германската дипломатија ги повика Израел и Хезболах да го прифатат предлогот за итен прекин на огнот во Либан

Шефицата на германската дипломатија ги повика Израел и Хезболах да го прифатат предлогот за итен прекин на огнот во Либан

Њујорк, 27 септември 2024 (МИА) - Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, ги повика Израел и либанската група Хезболах да се согласат со предлогот за итен 21-дневен прекин на огнот, јави ДПА.

-Поширока регионална ескалација никому нема да донесе долгорочна безбедност, изјави  министерката пред 79-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Бербок рече дека недостатокот на напредок е разочарувачки, но „не се откажуваме од барањето политичка визија за Израелците и Палестинците да живеат мирно рамо до рамо во две одделни држави“.

Таа, исто така, го повика Генералното собрание да ја избере првата жена генерален секретар на ОН во историјата на организацијата.

„Во целата своја 80-годишна историја, оваа организација никогаш немала жена генерален секретар“, рече Бербок, додавајќи: „Следниот генерален секретар на ОН мора да биде жена“.сд/

фото:ЕПА