• Saturday, 26 October 2024

Четворица израелски војници загинаа, шест се ранети во борби во јужен Либан

Четворица израелски војници загинаа, шест се ранети во борби во јужен Либан

Тел Авив, 24 октомври 2024 (МИА) – Израелската армија соопшти дека четворица нејзини војници биле убиени додека се бореле во јужен Либан.

Војската ги објави имињата на четворицата војници во соопштение, велејќи дека војниците „загинале за време на борби во јужен Либан“ вчера.

Војската, исто така, соопшти дека уште шест војници биле евакуирани од јужен Либан, откако биле тешко ранети. јт/

Фото: ЕПА