• Sunday, 20 October 2024

Чави може да стане селектор на Катар

Чави може да стане селектор на Катар

Барселона, 20 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, би можел да ја преземе репрезентацијата на Катар, пренесе „Ал Раја“.

Според изворот, раководството на катарската репрезентација наскоро ќе разговара со 44-годишниот стручњак.

Чави ова лето се повлече од функцијата тренер на Барселона. Тој беше тренер на Каталонците од ноември 2021. Пред тоа Шпанецот работеше во катарски Ал-Сад.

Репрезентацијата на Катар од декември минатата година ја предводи сонародникот на Чави - Тинтин Маркез. дс

Фото: Архива