• Thursday, 24 October 2024

ЦУК: Шест пожари на отворено во изминатото деноноќие

ЦУК: Шест пожари на отворено во изминатото деноноќие

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во последното деноноќие се регистрирани шест пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места, соопшти ЦУК.

Пожарникарите интервенирале на запалено ѓубриште во Гостивар, на запалена ниска вегетација во атарот на кумановското село Романовце, во Гевгелиско во близина на границата со Грција и во атарот на с. Миравци, на запалена трска кај авто-камп Елешец и во атарот на с. Отовица во Општина Велес.са/

Фото: МИА архива