• Sunday, 06 October 2024

Црвен крст Кавадарци ја одбележа Неделата на млади 

Црвен крст Кавадарци ја одбележа Неделата на млади 

Кавадарци, 5 октомври 2024 (МИА) - Под мотото „Иницирај дела, иницирај промени",  Општинската организација на  Црвен крст Кавадарци вечерва организираше настан, во рамките на Неделата на млади, што се одбележува од први до седми октомври.  

- Целта е промоција на работата на младите на Црвен крст на Република Северна Македонија, како активни лидери кои придонесуваат за ширење на хумани вредности и делување за позитивни промени во заедницата. Оваа година Неделата на младите ја одбележуваме преку активности за зајакнување и вмрежување на волонтерите во рамки на клубовите на млади, како и со завршни промотивни активности, преку користење на дигитални алатки за пренос и вклучување во живо од различни настани, беше посочено на средбата во домот на културата ,,Иван Мазов - Климе". 

Пред присутните се обрати претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев. 

- Младите се движечка сила во општеството. Младите како двигатели и промотори на вредностите во животот, се вклучени во многубројни активности на Црвениот крст. Расте интересот за нивно активно учество во проектите од хуманитарен карактер, подвлече Каракулев. 

Различните екипи на хуманитарни волонтери, како и поединци, ги презентираа своите активности, од хуманата мисија што ја извршуваат. свд/сст/

Фото :  МИА 

You May Also Like