• Monday, 28 October 2024

Цивилна одбрана на Газа: Најмалку 12 лица загинаа во напад со дрон додека чекале хуманитарна помош

Цивилна одбрана на Газа: Најмалку 12 лица загинаа во напад со дрон додека чекале хуманитарна помош

Газа, 25 октомври 2024 (МИА) – Цивилната одбрана на Газа вечерва соопшти дека најмалку 12 лица загинале во напад на израелски дрон врз група која чекала хуманитарна помош на северот на палестинската територија.

Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека уште неколку луѓе се ранети во напад со дрон, чија цел била возило и група граѓани северно од бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа.

Мртвите и ранетите се пренесени во болницата Ал-Шифа.

Портпаролот рече дека уште најмалку шест лица се убиени денеска во нападите врз тој град.

Израелската војска не одговори веднаш на барањето на агенциите за коментар за инцидентот. јт/

Фото: ЕПА