• Sunday, 27 October 2024

Хуманитарната организација Доктори на светот предупредува дека Газа умира

Хуманитарната организација Доктори на светот предупредува дека Газа умира

Париз, 24 октомври 2024 (МИА) – Жан Франсоа Корти, потпретседател на хуманитарната организација „Доктори на светот“, денеска предупреди дека Газа умира и повика на итен прекин на непријателствата.

Говорејќи на меѓународната конференција за Либан во Париз, Корти ја поздрави мобилизацијата на помош за Либан, но изрази жалење поради недостигот на конкретни напори за притисок врз завојуваните страни да ги прекинат борбите во Либан и Газа.

- Не се споменуваше некакво потенцијално ограничување на страните вклучени во конфликтот, особено на израелската влада, рече тој.

- Исто така, ги потсетив дека додека ние се мобилизираме за Либан, Газа денеска умира. Илјадници луѓе се елиминираат на северот на Газа и се чини дека меѓународната заедница повеќе не ги смета жителите на Газа за наши сограѓани, додаде потпретседателот на хуманитарната организација со седиште во Париз.

Тој го кажа ова на денот кога во израелски воздушен напад врз училиште во кое се засолниле раселените Палестинци загинаа најмалку 17 лица, главно жени и деца, а 42 беа ранети во бегалскиот камп Нусејрат.

Израелската војска соопшти дека гаѓала екстремисти на Хамас во училиштето. јт/

Фото: Доктори на светот