• Thursday, 26 December 2024

Холанѓанец осуден на три години затвор во Русија за напад на полицаец

Холанѓанец осуден на три години затвор во Русија за напад на полицаец

Москва, 25 декември 2024 (МИА) - Рускиот суд денеска осуди холандски државјанин на три години затвор, откако беше прогласен за виновен за напад на полицаец.

Хари Јоханес ван Вурден беше уапсен и ставен во домашен притвор по расправија со полицаец во центарот на Москва во октомври.

Се наведува дека Ван Вурден „удрил полицаец по лице по расправија за соборен патен знак“.

Московскиот суд го прогласи Ван Вурден за виновен за „употреба на насилство врз владин функционер“.

За тоа дело законот предвидува максимална казна затвор од пет години. паг/

Фото: МИА архива