• Sunday, 20 October 2024

Хезболах ја презеде одговорноста за гранатирањето на северен Израел утринава

Хезболах ја презеде одговорноста за гранатирањето на северен Израел утринава

Бејрут, 19 октомври 2024 (МИА) - Проиранското движење „Хезболах“ објави дека истрелало ракети кон регионот Хаифа во северен Израел, како одговор на израелската „агресија“ врз Либан.

Либанската група во соопштение рече дека „лансирала голема ракетна салва“ во област северно од Хаифа.

Израелската војска денеска соопшти дека северот на земјата бил под оган од Либан, а во многу градови биле пуштени сирени за воздушен напад. мс/

фото: МИА архива