Хамас: За една година загинаа над 42.000 Палестинци
- Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале 84 луѓе, меѓу кои има и жени и деца
Газа, 20 октомври 2024 (МИА) – Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале 84 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.
При израелските напади врз Појасот Газа повредени се 158 лица.
Од почетокот на израелската воена офанзива на 7 октомври минатата година вкупно загинаа 42.603 луѓе, а 99.795 се повредени.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена најави дека борбите ќе продолжат сè додека не бидат ослободени сите заложници од страна на Хамас. ми/
фото: ДПА