ФЗО ги повика ЈЗУ кои имаат апарати за магнетна резонанција да проверат уште колку хелиум имаат, чија цена се зголеми, дури сè уште е достапен на европскиот пазар
- Фондот за здравствено осигурување упати предупредување до јавните здравствени установи кои имаат апарати за магнетна резонанција да проверат уште колку хелиум имаат бидејќи цените на овој гас се зголемија по војната во Иран. Ова денеска го истакна директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување упати предупредување до јавните здравствени установи кои имаат апарати за магнетна резонанција да проверат уште колку хелиум имаат бидејќи цените на овој гас се зголемија по војната во Иран. Ова денеска го истакна директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Испративме предупредување до јавните здравствени установи кои имаат магнетна резонанција да си ги проверат состојбите со апаратите и состојбите со хелиумот бидејќи хелиумот е една од суровините што е погодена од војната во Иран. И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не може да работат магнетните резонанции. Предупредени се да постапат со проверките - реле Клековски.
Побаравме, додаде тој, да се напарават навремени проверки на состојбите на магнетните резонанции во земјата дури сè уште има достапен хелиум на европскиот пазар. рп/са/
Фото: МИА архива