• Monday, 07 October 2024

Фаворитите со победи на саботните натпревари во Првата македонска кошаркарска лига

Фаворитите со победи на саботните натпревари во Првата македонска кошаркарска лига

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) – Без изненадување на трите денешни натпревари со кои е отворена сезоната 2024/25 во Првата македонска кошаркарска лига.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром беше убедлив на средбата со Шкупи, ТФТ во второто полувреме го скрши отпорот на МКК  Куманово, додека најнеизвесно беше на натпреварот меѓу Работнички и Феникс.

Резултати:
Работнички – Феникс 90:85
ТФТ – МКК Куманово 81:70
Шкупи – МЗТ Скопје Аеродром 59:95.

Утре играат:
Еуро Никел – Пелистер
Вардар – Гостивар и 
Чаир – Кожув. зс/

Фото: КФСМ