• Monday, 07 October 2024

Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан

Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - По повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утре во 09.00 часот ќе се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Со литургијата, како што е објавено на официјална веб страница на Скопска Православна Епархија - МПЦ-ОА, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители. дма/

Фото:МИА архива