• Saturday, 19 October 2024

Утре и викендов облачно и посвежо со услови за дожд, од недела утрински минусни температури

Утре и викендов облачно и посвежо со услови за дожд, од недела утрински минусни температури

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. 

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од - 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени. 

Од недела ќе има  утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од - 3 до осум степени, а дневната до 22 степени. мд/са/

Фото: МИА архива