• Sunday, 01 September 2024

УНРВА: Во Газа денеска почнува вакцинацијата против детска парализа 

УНРВА: Во Газа денеска почнува вакцинацијата против детска парализа 

Газа, 1 септември 2024 (МИА) - Во Појасот Газа денеска почнува вакцинацијата против детска парализа, објави Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) на платформата Х.

„Мораме да направиме се што е во наша моќ за да им помогнеме на сите деца под 10-годишна возраст да ја добијат вакцината“, се наведува во соопштението на УНРВА, кое вклучува и мапа на која се прикажани локациите за вакцинација.

Би-Би-Си наведува дека како дел од оваа кампања на УНРВА, треба да бидат вакцинирани околу 640.000 деца во окупираната палестинска енклава, но укажува дека спроведувањето на кампањата зависи од прекинот на борбите меѓу израелските сили и борците на Хамас на одредените локации.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку 90 отсто од децата под 10-годишна возраст мора да се вакцинираат во краток временски период за да биде ефективна кампањата за вакцинација.

Оваа кампања започнува по првиот потврден случај на детска парализа во последните 25 години што беше откриен во Појасот Газа, а експерт на ОН предупреди на можноста да се заразат уште повеќе деца и дека е можна поширока регионална епидемија доколку вирусот не се стави под контрола.сд/

фото: МИА архива

 

You May Also Like