• Wednesday, 01 April 2026

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ - соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.

- Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба - објави градоначалникот на „Фејсбук“.

Според објавата на градоначалникот, објектот се отвора повторно по 40 години.

- Ветивме и остваривме. Ова е доказ дека кога има волја - има и резултат. Делата зборуваат за нас - дополни тој во својата објава. ар/дма/


Фото:МИА 

 

You May Also Like