Со презентација на разгледници „90 години Попова Шапка“ прикажана историјата за развојот на тетовскиот ски-центар
- Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово синоќа одбележа „90 години Попова Шапка“ со мултимедијален настан на кој беа прикажани разгледници и кратки филмови посветени на јубилејот на скијачкиот центар. Како година кога почнал да се оформува како скијачки центар се смета 1934-тата кога таму бил отворен и пуштен во употреба првиот воопшто изграден објект на Попова Шапка - планинарски дом чии темели сега се дел од истоимениот хотел.
You need to login to view this page en