• Friday, 18 October 2024

Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти

Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа блокирани се двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила пред тунелот на автопатот и оти сообраќајот е во прекин од 17:45 часот.

Сообраќајот ќе се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе – Велес – Штип. сст/аа/

Фото: МИА архива