Словенија го забрани величење на четниците и усташите
- Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот.
Љубљана, 25 декември 2024 (МИА) - Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот.
-Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија.
Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили.
Казната за прекршителите на законот ќе изнесува од 500 до 1.000 евра, предвидуваат усвоените измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир.
За гласаа 48 делегати, а шест беа против. На седницата за време на гласањето не присуствуваа претставници на СДС, чиј претседател е Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија во три мандати. мс/
фото: МИА архива