• Sunday, 29 December 2024

Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници

Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници

Скопје, 28 декември 2024 (МИА) - Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата.

Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски преку видео конференциска врска ќе им се обратат на припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија и Бугарија.

Потоа на децата на мировниците ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња. Како што е најавено, предвидено е обраќање на претседателката Сиљановска Давкова.

На пладне на традиционалниот настан во воздухопловниот ВИНГ, Дедо Мраз ќе им подели новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана. мд/аа/

Фото: МИА архива