• Saturday, 04 April 2026

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Скопје, 3 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Сиљановска-Давкова изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.

-За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија, стои во соопштението.

Тој изразил подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.

-Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник - Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба, посочила претседателката, додаваат од нејзиниот Кабинет. нд/рп/

Фото: Кабинет на претседател

 

You May Also Like