Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
- Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.
You need to login to view this page en