• Thursday, 05 February 2026

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пред членовите на Комисијата се предлог-одлуката за одржување јавна расправа по работната верзија на предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2024 година и годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 за период 1.1.2024 - 31.12.2024 година. фф/мд/

Фото: МИА Архива