Романо: Кварацхелија сака да се пресели во ПСЖ во јануари, Парижаните се подготвени да платат 80 милиони евра
- Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сака да го напушти клубот во јануари, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Неапол, 9 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сака да го напушти клубот во јануари, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, главен кандидат за потписот на 23-годишниот Грузиец е ПСЖ. Парижаните веќе разговараат за сумата за трансфер со Наполи која би можела да изнесува околу 80 милиони евра.
Застапниците на играчот веќе преговараат и за условите од неговиот личен договор.
Договорот на Кварацхелија со Наполи е до летото 2027 година. Оваа сезона на 19 натпревари тој постигна 5 гола и 3 асистенции.
Трансфермаркт вредноста на фудбалерот ја проценува на 85 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА