• Thursday, 05 February 2026

Реакција по недобивањето средства за прилепскиот џез фестивал кој годинава одбележува 15 години

Реакција по недобивањето средства за прилепскиот џез фестивал  кој годинава одбележува 15 години

Прилеп, 4 февруари 2026 (МИА) - Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ реагира што овој Фестивал по 14 години постоење со институционална поддршка, сега, пред јубилејното 15 издание не ја доби финансиската поддршка од Мнистерството  за култура и туризам.

Според здружението, оваа одлука не може и не смее да се третира како изолиран случај.

-„Prilep Jazz Weekend“ не е експеримент, не е моментален проект, не е лична иницијатива без континуитет. Тоа е Фестивал со историја, со публика, со јасна програмска визија и со препознатлив културен идентитет, кој повеќе од една деценија ја гради културната слика на Прилеп и пошироко. Дали континуитетот, квалитетот и публиката повеќе не се релевантни критериуми при распределбата на јавни средства, а комисиите што одлучуваат дали се навистина независни и стручни или селекцијата се прави селективно, по неформални критериуми и под нечиј вкус, притисок или диктат? Со вакви одлуки, културата надвор од главниот град не се развива – таа се гаси тивко, без објаснување и без одговорност, соопштуваат од здружението „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“.

Од Здружението категорично бараат транспарентност, образложение и одговорност, зашто, велат, културата не смее да биде жртва на молк, бирократија и селективна поддршка.ем/вј/

Фото: МИА

 

You May Also Like